RollPlus by Pres-San

Ролери за транспортни ленти RollPlus by Pres-San

Профи Монт од Скопје го нуди брендот RollPlus: транспортни ролери (ролни), барабани и ролер станици со носачи за транспортни ленти. RollPlus е бренд на турскиот производител Pres-San, основан во 1985 година. Испратете ни димензии или фотографија од постојниот ролер и побарајте понуда.

1985година на основање на Pres-San
2.000.000единици годишен капацитет
3000 mmизработка за ленти со ширина до
ISO 9001систем за квалитет (2015)

RollPlus производи во слики

Слободен ролер RollPlus
Слободен ролер
Носечки ролер RollPlus
Носечки ролер
Еднонасочен ролер RollPlus
Еднонасочен ролер
Ударен ролер RollPlus
Ударен ролер
Затезен барабан RollPlus
Затезен барабан
Погонски барабан RollPlus
Погонски барабан
Носечка ролер станица RollPlus
Носечка ролер станица
Ударна ролер станица RollPlus
Ударна ролер станица
Лизгачка станица RollPlus
Лизгачка станица
Повратни станици и држачи RollPlus
Повратни станици и држачи

Транспортни ролери

Носечки ролери

Ја носат лентата и товарот на транспортерите.

Слободни (непогонски) ролери

Ја поддржуваат лентата без сопствен погон.

Повратни ролери

Ја водат празната лента на повратниот дел.

Ударни ролери

Амортизирачки ролни со дискови, кои го ублажуваат ударот на местото на утовар.

Гумирани ролери

Имаат гумена облога на површината.

Водечки ролери

Помагаат лентата да остане во правец.

Спирални и конусни ролери

Тука се и ролерите со ланчаник и еднонасочните ролери за посебни примени.

Кој ролер ви треба?

Испратете ни димензии или фотографија.

Контактирајте не

Барабани и ролер станици

Погонски барабан

Ја придвижува лентата преку триење, поврзан со мотор и редуктор.

Затезен барабан

Ја одржува затегнатоста на лентата.

Ролер станици

Носечки, ударни, повратни, лизгачки и станици за регулација на лентата.

Дополнителна опрема

За транспортери, ролери и станици.

Технички карактеристики

Податоците се од производителот за носечки и ударни ролери:

  • Дијаметри на осовина: 12, 15, 20, 25, 30, 40 и 50 mm
  • Изработка за ленти со ширина до 3000 mm
  • Лежишта од серијата 6000
  • Лавиринтни заптивки за заштита од прашина и вода
  • Не бараат одржување
  • Толеранција на концентричност според DIN стандарди

Каде се применуваат

Рударство и цемент

Рударство и цементна индустрија.

Логистика

Логистика и складишта.

Производство

Производство и монтажни линии.

Земјоделство и храна

Земјоделство и прехранбена индустрија.

Производител и квалитет

Pres-San произведува во Анкара, на 7.500 m² затворен и 1.500 m² отворен простор. Со автоматизирани линии и роботско заварување, од 2022 година годишниот капацитет е 2.000.000 единици. Производителот наведува сертификати TSE, ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2018 и EN 1090 EXC2.

TSEISO 9001:2015ISO 14001:2015ISO 45001:2018EN 1090 EXC2

Како да изберете и нарачате ролер

За точна понуда испратете ни:

  1. Тип на ролер или позиција на транспортерот
  2. Дијаметар и должина на цевката
  3. Дијаметар, должина и завршеток на осовината
  4. Ширина на лентата, материјал што се транспортира и услови на работа
  5. Потребна количина

Побарајте понуда

Ул. Дамаска 31Б, Скопје · Понеделник–петок, 08:00–16:00

Најчести прашања

Што е RollPlus?

RollPlus е бренд на Pres-San од Турција за транспортни ролери, барабани, ролер станици и резервни делови.

Каде да набавам RollPlus ролери во Македонија?

Побарајте понуда од Профи Монт во Скопје, на 070 244 580 или sales@profimont.com.mk.

Дали може ролер по мерка?

Производителот нуди и специјални ролери и решенија прилагодени за одредена примена. Испратете ни димензии или цртеж.

Која е разликата меѓу носечки и повратен ролер?

Носечкиот ролер ја поддржува лентата со товарот. Повратниот ролер ја поддржува празната лента при враќање.

Кога се користи ударен ролер?

На местото на утовар, каде материјалот паѓа на лентата. Дисковите го апсорбираат ударот и го штитат системот.

Како да ја најдам вистинската замена за постојниот ролер?

Измерете ги дијаметарот и должината на цевката и димензиите на осовината. Фотографија од ролерот и крајот на осовината помага.

Scroll To Top
Close
Close